Премиерлига: Имаше пенал или не – Ливерпул оштетен на дуелот против Стоук! (ФОТО, ВИДЕО)

Денеска во првиот натпревар од 36. коло на саботната програма во најсилното англиско фудбалско првенство…

Без голови на стадионот „Енфилд“ одиграа (0:0) екипите на Ливерпул и Стоук, иако во изминатиот период токму на истиот терен избраниците на менаџерот Клоп триумфираа со убедливи 5:2 над Рома во првиот меч од полуфиналето на Лигата на шампионите.

Домаќините имаа шанси преку Салах, поништен беше погодок на Ингс, а пред самиот крај на средбата можеби беа и оштетени поради недосуден пенал. Во 87. минута кога Вајналдум центрираше од десната страна во казнетиот простор на „Грнчарите“, топката го погоди во рака Питерс.

На табелата Редси се наоѓаат на третата позиција со 72 бодови, два помалку зад второпласираниот Манчестер Јунајтед кој има воедно и два дуели помалку.

Стоук кој веќе долг период нема победа останува во опасната зона за испаѓање, на 18. позиција со 30 бодови, три помалку зад засега сигурниот Свонси кој исто така има два меча помалку.

Уште еден интересен податок само четири екипи досега оваа сезона во Премиерлигата и ЛШ успеале без примен гол да излезат од „Енфилд“, покрај споменатиот Стоук, тоа му успеало уште на Манчестер Јунајтед, Вест Бромвич Албион и Порто.

Ливерпуль – Сток Сити. Обзор матча. Англия. Премьер-лига 2017/18. 36 тур. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.