Премиерлига: Хет-трик на Агуеро, „топчиите“ со четири гола за 16 минути! (ВИДЕО)

Заврши саботната програма во рамките од 24. коло во Премиерлигата…

Манчестер Сити забележа нов триумф дома против Њукасл со резултат 3:1, а хет-трик забележа Агуеро со погодоци во 34., 63. и 83. минута од средбата на „Етихад“ стадионот.

Арсенал беше убедлив на својот „Емирати“, уште во првото полувреме ги реши сите дилеми околу победникот против Кристал Палас.

„Топчиите“ предводени од менаџерот Арсен Венгер постигнаа четири гола во период од 16. минути преку Монреал, Ивоби, Кошелни и Лаказет, додека гостите успеаја само да го ублажат својот 11. пораз сезонава.

Во останатите дуели: Брајтон-Челзи 0:4, Барнли-Манчестер Јунајтед 0:1, Евертон-ВБА 1:1, Лестер-Вотфорд 2:0, Стоук-Хадерсфилд 2:0, Вест Хем-Борнмут 1:1.

Табела: Манчестер Сити 65 бодови, Манчестер Јунајтед 53, Челзи 50, Ливерпул 47, Тотенхем 44…

Арсенал – Кристал Пэлас. Обзор матча. АПЛ, Тур 24 от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.

Манчестер Сити – Ньюкасл Юнайтед. Обзор матча. АПЛ, Тур 24 от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.