Премиерлига: Фабрегас му донесе три важни бода на Челзи! (ВИДЕО)

Се одиграа вкупно седум натпревари в сабота во рамките од 36. коло во најсилното англиско фудбалско првенство…

Челзи останува во трката за една од позициите кои водат во групите на Лигата на шампионите наредната натпреварувачка сезона.

Избраниците на менаџерот Антонио Конте славеа важна победа на гостувањето кај составот на Свонси со минимален конечен резултат 0:1 (0:1).

Стрелец на единствениот гол беше шпанскиот интернационалец Фабрегас уште во четвртата минута на „Либерти“ стадионот после асистенцијата на Белгиецот Азар.

Премиерлига, 36. коло

Сабота, резултати:

Ливерпул-Стоук 0:0
Барнли-Брајтон 0:0
Кристал Палас-Лестер 5:0
Хадерсфилд-Евертон 0:2
Њукасл-Вест Бромвич 0:1
Саутемптон-Борнмут 2:1
Свонси-Челзи 0:1

Табела:

1.Манчестер Сити 90 бодови
2.Манчестер Јунајтед 74
3.Ливерпул 72
4.Тотенхем 68
5.Челзи 66
6.Арсенал 57
7.Барнли 54

18.Саутемптон 32
19.Стоук 30
20.Вест Бромвич 28