Премиерлига: „Етихад“ во транс, Манчестер Сити со петарда ја прослави титулата! (ФОТО, ВИДЕО)

Се одиграа во недела уште три натпревари од 35. коло во најсилното англиско фудбалско првенство…

Составот на Манчестер Сити кој од претходно ја обезбеди титулата, денеска ја прослави пред своите навивачи на „Етихад“ стадионот со убедлива победа од 5:0 против Свонси.

Двапати во листата на стрелците се запиша Силва, а по еднаш во дресот на „граѓаните“ Стерлинг, Де Брујн и Габриел Хесус кој го постави конечниот епилог во 88. мин. од средбата.

Воедно уште еден интересен податок, Сити запиша нов рекорд, односно стана првиот тим во историјата на Премиерлигата со повеќе од 1.000 додавања во еден натпревар, поточно 1.015 на денешниот дуел против Свонси.

На останатите два дуели Арсенал дома ја оправда фаворитската улога против Вест Хем (4:1), а без победник заврши пресметката Стоук-Барнли (1:1).

На табелата води Манчестер Сити е на врвот со 90 бодови, пред Манчестер Јунајтед (74), Ливерпул (71), Тотенхем (68), Челзи (63), Арсенал (57)…

Манчестер Сити – Суонси. Обзор матча. Англия. Премьер-лига 2017/18. 35 тур. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.