Премиерлига: Челзи „нокаутиран“, Манчестер Сити на +15 откако мина лесно со ВБА! (ФОТО, ВИДЕО)

Се одиграа седум натпревари од 25. коло во најсилното англиско фудбалско првенство…

Во дербито одиграно на „Вембли“ Тотенхем со 2:0 го совлада тимот на Манчестер Јунајтед.

Поведоа домаќините уште во првата минута, поточно после само 11. секунди игра кога стрелаше Ериксен за најбрз досегашен погодок во Премиерлигата. Конечниот епилог беше поставен во 28. минута по автоголот на Џонс.

Лидерот Манчестер Сити ја оправда фаворитската улога на својот „Емирати“ совладувајќи го Вест Бромвич со 3:0, по еднаш во листата на стрелците се запишаа Фернандињо, Де Брујн и Агуеро.

Непријатно изненадува на „Стемфорд Бриџ“ доживеа Челзи кој со 0:3 беше убедливо поразен од Борнмут. Во второто полувреме за седмата победа на избраниците на менаџерот Хов се погрижија Вилсон, Станислас и Аке.

Ова е за прв пат „сините“ од Лондон да примат три голови на свој терен од почетокот на сезоната кога загубија со 2:3 од Барнли

Премиерлига, 25. коло

Резултати:

Челзи-Борнмут 0:3
Евертон-Лестер 2:1
Њукасл-Барнли 1:1
Саутемптон-Брајтон 1:1
Манчестер Сити-ВБА 3:0
Стоук-Вотфорд 0:0
Тотенхем-Манчестер Јунајтед 2:0

Табела:

1.Манчестер Сити 68 бодови
2.Манчестер Јунајтед 53
3.Ливерпул 50
4.Челзи 50
5.Тотенхем 48

18.Саутемптон 23
19.Свонси 23
20.ВБА 20

Челси – Борнмут. Обзор матча. Англия. Премьер-лига 2017/18. 25 тур. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.

Манчестер Сити – Вест Бромвич. Обзор матча. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.