Прекрасна кореографија на дербито Галатасарај-Фенербахче! (ФОТО, ВИДЕО)

Кореографијата на навивачите на Галатасарај пред турското фудбалско дерби против Фенербахче беше нешто најубавото што публиката можеше да го види на неделната пресметка во Истанбул.

Потсетување дека овој дуел заврши со најнепопуларниот резултат 0:0, Фенербахче може да биде повеќе задоволен од бодот, бидејќи не упати ниту еден удар во рамките на противничкиот гол, а лидерот на табелата ги разочара своите навивачи кои очекуваа триумф.

Легендарните филмови за Роки Балбоа чиј лик го претставуваше Силвестер Сталоне им послужија на навивачите на Галата како инспирација за фантастична кореографија истакната на дербито во Истанбул.

Погледнете како сето тоа изгледаше на „Турк Телеком Арената“: