Предлог од ФИФА: Светско првенство во фудбал со 24 клубови?

Членот на ФИФА, Рајнхард Гриндел рече дека постои предлог да се промени форматот на натпреварување на светското клупско првенство.

Промената би се случила во 2021 година, а 24 екипи би учествувале на турнирот кој би се играл секоја четврта година.

Гриндел наведе дека Светската фудбалска федерација го разгледува предлогот 24 клубови во 18 дена играат Светско клупско првенство. Почетокот би бил од јуни 2021. година. По тој систем осум екипи би биле поделени во три групи.

Како што веќе знаеме Светското клупско првенство со седум учесници се одржува секоја година во јануари. За трофејот се натпреваруваат победниците од сите шест регионални конфедерации и шампионот на лигата земја домаќин.

Европските и јужноамериканските шампиони играат само по два натпревари, откако натпреварувањето им започнува од полуфиналето.

ФИФА во март 2018. година повторно ќе го разгледа предлогот за нов формат на Светското клупско првенство.