Познати сите учесници во нокаут-фазата на Лига Европа

Вечерва официјално заврши групната фаза на Лига Европа за натпреварувачката сезона 2017/2018.

Веќе беше познато уште пред одигрувањето на последното шесто коло во групата Л каде што настапуваше и македонскиот шампион Вардар, дека Зенит и Реал Сосиедад обезбедија пласман во нокаут-фазата.

Во продолжение погледнете ги сите екипи кои ќе играат во 1/16 финалето, ждрепката за извлекувањето на двојките според најавите е закажана за 11. декември со почеток од 13.00 часот во Нион.

Првите натпревари од 1/16 финалето на ЛЕ ќе се одиграат на 15. февруари, а реванш средбите на 22. февруари 2018 год.

ЛИГА ЕВРОПА (2017/2018)

1. шешир
Виљареал (Шпанија), Динамо Киев (Украина), Брага (Португалија), Милан (Италија), Аталанта (Италија), Локомотив Москва (Русија), Викторија Плзењ (Чешка), Арсенал (Англија), Ред Бул Салцбург (Австрија), Атлетик Билбао (Шпанија), Лацио (Италија), Зенит Ст. Петерсбург (Русија), ЦСКА Москва (Русија), Атлетико Мадрид (Шпанија), Лајпциг (Германија), Спортинг Лисабон (Португалија)

2. шешир
Астана (Казахстан), Партизан (Србија), Лудогорец Разград (Бугарија), АЕК Атина (Грција), Лион (Франција), ФК Копенхаген (Данска), ФЦСБ (Романија), Црвена Звезда (Србија), Марсеј (Франција), Остерсунд (Шведска), Ница (Франција), Реал Сосиедад (Шпанија), Наполи (Италија), Спартак Москва (Русија), Селтик (Шкотска), Борусија Дортмунд (Германија)

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ:

Познати шеширите: Очекуваме „пеколна“ ждрепка за осминафиналето во ЛШ!