Познати сите осминафиналисти во Кралскиот куп (ВИДЕО)

Вечерва се дознаа сите осминафиналисти во Копа дел Реј…

Составот на Валенсија славеше и на реваншот против Сарагоса на домашен терен со 4:1 и со вкупно 6:1 се најде во следната фаза.

За Валенсија на возвратниот дуел на „Местаља“ стрелаа двапати Мина, по еднаш Ибанез и Везо, а на спротивната страна поразот го ублажи Помбо во 89. минута од средбата.

Екипи кои што се пласираа во осминафиналето се: Реал Мадрид, Нумансија, Севиља, Алавес, Кадиз, Леванте (на македонскиот интернационалец Енис Барди), Атлетико Мадрид, Еспањол, Легањес, Селта Виго, Лас Палмас, Виљареал, Леида, Барселона, Форментера и Валенсија.

Ждрепката за извлекување на осминафиналните двојки во Кралскиот куп ќе се одржи на 5. декември.

Валенсия – Сарагоса. Обзор матча. Кубок Испании 2017/18. 1/16 финала. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.