Познати шеширите: Очекуваме „пеколна“ ждрепка за осминафиналето во ЛШ!

Комплетирана е вечерва групната фаза во Лигата на шампионите, на 11. декември (понеделник) како што се најавува ќе биде ждрепката за извлекување на осминафиналните двојки.

Правилата се такви што после групната фаза пред ждрепката веднаш се формираат два шешири, првопласираните од групите одат во првиот шешир како носители, а второпласираните во вториот шешир.

Првопласираните ќе ја имаат привилегијата реванш мечот да го одиграат на свој терен. Исто така, правилата велат дека екипите од иста земја не можат да се сретнат во првата рунда од елиминациската фаза, како ниту тимовите кои биле заедно во група.

Лига на шампиони (2017/2018)

1. шешир

А Манчестер Јунајтед
Б ПСЖ
Ц Рома
Д Барселона
Е Ливерпул
Ф Манчестер Сити
Г Бешикташ
Х Тотенхем

2. шешир

А Базел
Б Баерн Минхен
Ц Челзи
Д Јувентус
Е Севиља
Ф Шахтјор Доњецк
Г Порто
Х Реал Мадрид

Да додадеме уште дека во 1/16 финалето на Лига Европа ќе играат третопласираните од групната фаза во ЛШ, тие се: ЦСКА Москва, Атлетико Мадрид, Лајпциг, Спортинг Лисабон на македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски, потоа Спартак Москва, Наполи, Селтик и Борусија Дортмунд.