Потврдено: Тренерот Емери ќе се раздели со ПСЖ

Денеска Унаи Емери им соопшти на фудбалерите од францускиот клуб дека ќе ја напушти тренерската клупа на крајот од сезоната…

Шпанскиот стручњак си оди ова лето кога практично и му завршува неговиот договор со екипата на ПСЖ. „Им соопштив на играчите дека после завршувањето на сезоната ќе го напуштам клубот. Му се заблагодарувам на претседателот, спортскиот директор, навивачите и сите фудбалери за овие две сезони“, рече Емери.

Поранешниот тренер на Валенсија, Спартак Москва, Севиља, дојде во Париз пред две сезони и се соочи со големи очекувања, вложени големи средства и ангажирање на квалитетни засилувања.

Во првата сезона со „светците“ ги освои трофеите во Купот на Франција и Лига купот, но остана без титула во Лига 1 и воедно беше елиминиран во Лигата на шампионите од Барселона после победата на „Паркот на принцовите“ од 4:0 и историскиот пораз на „Камп Ноу“ од 6:1.

Оваа сезона успеа да ја обезбеди титулата во најсилниот француски фудбалски шампионат, а во ЛШ нова елиминација во осминафиналето овојпат од Реал Мадрид.