После три месеци Ливерпул претрпе нов пораз во Премиерлигата! (ФОТО, ВИДЕО)

Последен пат избраниците на германскиот менаџер Јирген Клоп загубија минатата година, поточно на 22. октомври на гостувањето кај Тотенхем (4:1).

Оттогаш па се до вечерва составот од „Енфилд“ во сите натпреварувања имаше 13 победи и пет нерешени средби. Денеска нивната серија беше прекината во 24. коло од Премиерлигата на гостувањето на Свонси (1:0).

Стрелец на голот за популарните „лебеди“ беше Мосон после асистенцијата на аргентинскиот интернационалец и воедно капитен Фернандез во 40. минута од средбата.

На табелата Ливерпул е на четвртото место со 47 бодови, зад водечкото трио Манчестер Сити (65), Манчестер Јунајтед (53) и Челзи (50).

За Свонси овие беа значајни три бодови во битката за опстанок, моментно е на последната 20. позиција со 20 бодови колку што има и ВБА, на 18. позиција е Саутемптон (22), а по 23 Њукасл, Брајтон и Стоук редоследно од 15. до 17. место.

Суонси – Ливерпуль. Обзор матча. АПЛ, Тур 24 от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.