Португалија на СП, Швајцарија и со 9 победи мора во бараж! (ВИДЕО)

Во групата Б завршија квалификациите за пласман на Светското првенство кое што наредната година ќе се одржи во Русија.

Во директната пресметка за првото место Португалија на стадионот во Лисабон со конечен резултат 2:0 ја совлада Швајцарија.

Во првото полувреме водеа Португалците после автоголот на Џуру во 41. минута, додека Андре Силва во 57. минута донесе голема радост на трибините.

Верувале или не, Швајцарците и со девет победи мора да играат во баражот.

Квалификации СП 2018 Русија

Група Б

Португалија-Швајцарија 2:0
Унгарија-Фарски Острови 1:0
Летонија-Андора 4:0

Конечна табела:

1.Португалија 27 бодови
2.Швајцарија 27
3.Унгарија 13
4.Фарски Острови 9
5.Летонија 7
6.Андора 4

Пopтyгaлия – Швeйцapия 2:0 от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.