Погба понуден на ПСЖ

Пол Погба е понуден на ПСЖ, пренесува Дејли Мејл.

Изворот вели дека Жозе Мурињо е подготвен да се раздели со Погба наредното лето.

Очигледно агентот на Погба, Мино Рајола контактирал со ПСЖ, иако сеуште не е јасно дали францускиот клуб ќе биде во можност да потпише со 25-годишниот фудбалер поради потенцијалните проблеми со Финансискиот Фер Плеј.