Пероти и Манолас ја продолжија соработката со Рома

Официјално Диего Пероти и Костас Манолас ги продолжија своите договори со италијанскиот клуб.

Пероти ќе го носи дресот на римската „волчица“ со 2021. година, тој дојде во јануари 2016-та и досега има 78 натпревари и 17 голови.

Одбранбениот играч Манолас пак одлучи да остане на „Олимпико“ до јуни 2022 год. Грчкиот интернационалец во римскиот клуб дојде во 2014-та и досега забележа 143 мечеви, постигнувајќи пет погодоци.

Претходно се поврзуваше со трансфер во Арсенал, Барселона, Челзи, Ливерпул и Зенит Ст. Петерсбург.