Перишиќ херој на Интер: Погледнете ја хрватската „мајсторија“ против Верона! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Интер ја совладаа на гости Верона со 2:1 во последниот натпревар од 11. коло во Серија А.

Интер поведе преку искусниот Валера во 36. минута од мечот, израмни поранешниот член на „неро-аѕурите“, Пацини со погодокот од белата точка на половина час од играта.

Конечниот резултат на еден прекрасен начин го постави хрватскиот интернационалец Перишиќ во 67. минута од средбата.

Интер е второпласиран со 29 бодови од 11 натпревари сезонава и заедно со Наполи се единствените досега без пораз во италијанскиот шампионат.

Од друга страна Верона се вбројува најверојатно помеѓу кандидатите за испаѓање од Серија А, досега има шест бодови и се наоѓа на претпоследното место на табелата.

Bepoна – Интер от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.