Перез е информиран: Како изгледа новата кратка листа желби на Зидан?

Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан го информираше претседателот на клубот, Флорентино Перез, околу новите трансфер желби наредното лето.

Според шпанските медиуми кратката листа за доведување нови искусни играчи на францускиот стратег во редовите на „кралскиот“ клуб изгледа вака:

-Давид Алаба (Баерн Минхен)
-Деле Али (Тонтехем)
-Пауло Дибала (Јувентус)

Не започна најдобро новата сезона за Реал Мадрид во шпанската Примера, моментно после седум кола е на петтата позиција со 14 бодови, дури седум помалку зад лидерот и негов најголем конкурент за шампионската титула, Барселона.

23-годишниот аргентински интернационалец Дибала за „Старата дама“ сезонава од седум официјални настапи веќе има 10 голови и е прв стрелец во Серија А.

Потоа, 21-годишниот англиски играч од средниот ред, Али за Тотенхем досега во Премиерлигата сезонава има два погодоци од седум настапи и неговиот клуб засега е трет на табелата со 14 бодови, пет помалку од водечките Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед.

И на крајот 25-годишниот австриски дефанзивец Алаба кој има три натпревари сезонава во Бундеслигата. Од друга страна, пак, баварскиот гигант како бранител на титулата не стартуваше најдобро и после седум кола е втор со 14 бодови (колку што има и треторангираниот Хофенхајм), пет помалку зад лидерот Борусија Дортмунд.