Осум екипи сезонава од Топ 5 европските лиги досега немаат пораз!

Само осум екипи во Топ 5 европските фудбалски лиги сеуште немаат претрпено пораз оваа сезона.

Тие се Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед од Премиерлигата, Барселона, Валенсија и Атлетико Мадрид од Примера, ПСЖ од Лига 1, Наполи и Интер од Серија А.

Во Бундеслигата веќе сите клубови имаат забележано барем по еден пораз, а помеѓу нив е и актуелниот бранител на титулата, Баерн Минхен.

-ПСЖ води во Франција по девет кола со 25 бодови, има едно реми.

-Во Италија Наполи води со максимални 24 бодови, два помалку од Интер на втората позиција. Фактички Наполи е единствениот тим од Топ 5 европските лиги кој досега знае само за победи.

-Барселона во Шпанија води со 22 бодови, има една нерешена средба, второпласирана на табелата е Валенсија со 18 бодови, додека Атлетико Мадрид е четвртопласиран со 16. Интересен е податокот што пред „јорганџиите“ е Реал Мадрид кој веќе го има вкусено поразот, и тоа од Бетис.

-И на крајот во Англија Манчестер Сити води со 22 бодови, пред Манчестер Јунајтед (20). „Црвените ѓаволи“ ремизираа со Стоук и Ливерпул.

ТОП 5 ЕВРОПСКИ ЛИГИ:

-Наполи (Серија А) 8-0-0 (победа, реми, пораз)
-ПСЖ (Лига 1) 8-1-0
-Манчестер Сити (Премиерлига) 7-1-0
-Барселона (Примера) 7-1-0
-Манчестер Јунајтед (Премиерлига) 6-2-0
-Валенсија (Примера) 5-3-0
-Атлетико Мадрид (Примера) 4-4-0

Освен тоа, во продолжение погледнете кои други екипи исто така не се поразени во останатите европски шампионати сезонава:

Скендербеу Корча (Албанија), Карабах (Азербејџан), Лудогорец (Бугарија), Динамо Загреб (Хрватска), Анортозис (Кипар), Викторија Плзен (Чешка), Славија Прага (Чешка), ПАОК (Грција), Шериф (Молдавија), Сутјеска (Црна Гора), Хапоел Хаифа (Израел), Колерејн (Северна Ирска), Порто (Португалија), Спортинг Лисабон (Португалија), Олимпија (Словенија), Марибор (Словенија), Галатасарај (Турција)…