Официјално: „Ванда Метрополитано“ домаќин на финалето во ЛШ 2019!

Новиот стадион на Атлетико Мадрид, „Ванда Метрополитано“ доби организација од УЕФА.

Во 2019. година ќе го одржи финалниот натпревар од Лигата на шампионите, официјално објавија денеска од Европската куќа на фудбалот.

„Ванда Метрополитано“ оваа година го наследи „Висенте Калдерон“, а својата премиера ја имаше изминатиот викенд кога „јорганџиите“ со 1:0 ја совладаа Малага.

Капацитетот на стадионот изнесува 67.000 илјади места, шпанскиот главен град ќе биде домаќин на најважниот меч во европскиот фудбал за прв пат после девет години.

Претходно беше играно во 2010-та на стадионот на Реал Мадрид, „Сантјаго Бернабеу“. Да потсетиме, во 2018 година домаќин на финалниот натпревар во ЛШ ќе биде Олимпискиот стадион во Киев, Украина.

Leave a Reply