Официјално: Њукасл се продава!

Мајкл Ешли може да добие околу 200.000.000 евра.

Не така одамна, пред само две години, се говореше дека „клубот не е на продажба, ниту по било која це,а се додека не освои барем еден трофеј“, но потоа се предомисли Мајк Ешли.

После 10 години управување со клубот од северна Англија, актуелниот сопственик објави дека Њукасл е поставен на продажба.

Се очекува до Божиќ биде завршена работата околу продажбата, а да потсетиме пред два месеци Кинезите се обидоа да го купат клубот, но според нив Англичаните барале премногу, околу 400 милиони евра.