Официјално: Адуриз го продолжи договорот со Атлетик Билбао

Напаѓачот Ариц Адуриз потпиша нов договор со Атлетик Билбао…

На тој начин ќе остане во клубот до Јуни 2019. година, а новиот договор има ослободителна клаузула од 40 милиони евра.

36-годишниот шпански фудбалер сезонава во Примера за Атлетик Билбао има досега вкупно 11 одиграни натпревари и четири голови.

Претходно во кариерата беше дел уште од тимовите на Валенсија, Мајорка и Реал Ваљадолид.