Официјален потпис: Кутињо во Барселона до 2023 година!

Сега и официјално е нов фудбалер на Барселона.

Бразилецот го засилува каталонскиот гигант кој моментно е првопласиран во шпанската Примера и е далеку пред Реал Мадрид во трката за шампионската титула.

Филипе Кутињо денеска потпиша договор кој ќе трае до лето 2023. година. Во утринските часови ги помина лекарските прегледи без никакви проблеми.

Му беше анализирана и повреда, па така според првичните информации ќе отсуствува 20 дена од терените, односно три недели нема да биде на располагање кај тренерот Валверде. Најверојатно би требало своето деби да го има во градското дерби против Еспањол на 4. февруари.

Значи, досега во овој зимски преоден рок 2018 е реализиран најголемиот трансфер на фудбалскиот пазар, 120 милиони плус бонуси во износ од 40 милиони евра. Се очекува да заработува 14 милиони евра по сезона.