Нови патници за СП: Германија го освои Белфаст, Кејн е херојот на Англија! (ВИДЕО)

Вечерва дознавме нови патници за Светското првенство во Русија 2018 година…

Во групата Ф репрезентацијата на Англија со седмиот триумф во квалификациите на домашен терен го обезбеди својот шести по ред настап на Мундијалите.

На „Вембли“ стадионот во Лондон во 94. минута од средбата после асистенцијата на Вокер, во словенечката мрежа стрелаше Кејн за голема радост на трибините.

Потоа, во групата Ц Германија со деветтата победа по ред во овој циклус го обезбеди првото место. Во Белфаст триумфираше со 1:3, најпрвин водеше во првото полувреме со 0:2 благодарение на головите на Руди и вагнер.

Во вториот дел Кимих се погрижи за 0:3, а поразот на домаќините го ублажи Магенис (90+3) по додавањето на МекОли.

Квалификации за СП 2018 Русија

Група Ц

Северна Ирска-Германија 1:3
Азербејџан-Чешка 1:2
Сан Марино-Норвешка 0:8

1. Германија 27 бодови
2. Северна Ирска 19
3. Чешка 12
4. Норвешка 10
5. Азербејџан 10
6. Сан Марино 0

Група Е

Ерменија-Полска 1:6
Црна Гора-Данска 0:1
Романија-Казахстан 3:1

1. Полска 22 бодови
2. Данска 19
3. Црна Гора 16
4. Романија 12
5. Ерменија 6
6. Казахстан 2

Група Ф

Англија-Словенија 1:0
Шкотска-Словачка 1:0
Малта-Литванија 1:1

1. Англија 23 бодови
2. Шкотска 17
3. Словачка 15
4. Словенија 14
5 Литванија 6
6. Малта 1

Ceвepнaя Иpлaндия – Гepмaния 1:3 от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.