Нова „кралска“ петарда: Сега Реал ќе ја брка и светската титула! (ВИДЕО)

Во 15. коло од шпанската Примера на „Бернабеу“ составот на Реал со 5:0 ја совлада Севиља.

Се беше решено уште во првото полувреме, двапати во листата на стрелците се запиша Роналдо, а по еднаш Начо, Крос и Хакими.

На табелата Реал е на делба на второто место со 31 бод, додека Севиља е на петтата позиција со 28.

Сега тимот на Зидан ќе се насочи кон ново натпреварување кое што ќе се обиде да го освои овој месец.

Да потсетиме, „кралевите“ ќе настапат и годинава на Светското клупско првенство во Абу Даби.

Во полуфиналето на 13. декември ќе игра против Ал-Џазира од Обединетите Арапски Емирати. Во големото финале на 16. декември на истата локација подобриот од таа пресметка ќе игра против победникот од второто полуфинале помеѓу Гремио (Бразил) и Пачука (Мексико). За петтото место на натпреварувањето ќе се борат Видад Казабланка (Мароко) и Урава Ред Дајмондс (Јапонија).

Реал Мадрид – Севилья. Обзор матча. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.