Нов шок на „ Сантјаго Бернабеу“: Дали Реал Мадрид се збогуваше со титулата? (ВИДЕО)

Денеска во рамките од 19. коло во најсилното шпанско фудбалско првенств нов изненадувачки пораз на Реал Мадрид.

„Кралевите“ повторно ги разочараа своите навивачи на домашен терен, откако на стадионот „Сантјаго Бернабеу“ со резултат 0:1 загубија од Виљареал.

Стрелец на единствениот гол за гостите беше Форналс во 87. минута од средбата за вкупно деветти триумф оваа сезона во Примера.

За избраниците на тренерот Зинедин Зидан ова беше четврти пораз и останува на -16 од лидерот Барселона кој има шанса в недела кај Реал Сосиедад да ја зголеми таа позитива и на тој начин уште повеќе се доближи до шампионската титула.

Се одиграa уште два меча Жирона пред своите гледачи ја декласираше Лас Палмас со 6:0, додека Атлетико Мадрид со 0:1 славеше кај Еибар. На табелата води Барса со 48 бодови, пред Атлетико Мадрид (42), Валенсија (37), Реал Мадрид (32), Виљареал (31), Севиља (29)…

Реал Мадрид – Вильярреал 0:1. Обзор матча. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.