Нов проблем за Реал: Марсело „аут“ еден месец!

Реал Мадрид нема да може да смета на искусниот бразилски дефанзивец во наредниот период…

Марсело еден месец ќе биде надвор од терените, 29-годишниот одбранбен играч ја повреди ногата во шокантниот домашен пораз од Бетис (0:1) од шпанската Примера.

Ова е уште еден проблем за францускиот тренер на „кралевите“, Зинедин Зидан, кој исто така не може да смета и на неговиот друг лев дефанзивец, Тео Хернандез. Во ваква ситуација клубот од „Сантјаго Бернабеу“ е принуден да му даде нова улога на централниот дефанзивец, Начо Фернандез.

Надвор од тимот поради повреди се уште Карим Бензема и Матео Ковачиќ. Тони Крос, исто така, има проблеми од дуелот со Бетис и воедно го пропушти финалниот тренинг на Реал.

Се уште е нејасно дали германскиот играч од средниот ред ќе биде подготвен за натпреварот во шампионатот против Алавес в сабота.

Реал има само една победа во последните четири натпревари во Примера. Само после пет кола, шампионите заостануваат седум бодови зад Барселона, која има 100% од бодовите и 17:2 гол-разлика.

Leave a Reply