Њукасл со победата над Арсенал обезбеди опстанок во Премиерлигата! (ФОТО, ВИДЕО)

Фудбалерите на Њукасл го совладаа Арсенал на „Ст. Џејмс Парк“ во натпреварот од 32. коло на Премиерлигата со резултат 2:1 (1:1).

Од една страна избраниците на францускиот менаџер Арсен Венгер блескаат во Лига Европа каде што наскоро ќе играат полуфинале, а од друга продолжува да ги разочарува своите навивачи во најсилното англиско првенство.

„Црвено-белите“ со четвртиот триумф по ред си обезбедија опстанок во Премиерлигата, додека Арсенал го запиша и петтиот пораз во низа на гостувањата, иако тоа не се најавуваше.

Уште во 14. мин. водеа „топчиите“ преку Лаказет кој заврши една добра акција на тимот од Лондон и во пад ја затресе домашната мрежа.

Екипата на Рафаел Бенитез 15. минути подоцна ја надмудри одбраната на Арсенал. Во напад кој вклучуваше дури девет различни играчи на Њукасл, Перез беше „егзекутор“ пред голот на Петр Чех за 1:1 по првото полувреме.

А потоа во 64. минута беше забележан моментот на одлука. Перез овој пат беше асистент, а Ричи реализатор на шансата за голем триумф на Њукасл. Моментно Арсенал е на шестото место со 54 бодови, додека Њукасл на 10. позиција со 41.

Ньюкасл – Арсенал. Обзор матча от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.