Ниту Рома не може да го запре Наполи – Дибала трагичар, загрижена „Старата дама“! (ВИДЕО)

Два дерби натпревари вечерва во рамките од италијанската фудбалска Серија А…

Во осмото коло во Торино бранителот на титулата Јувентус загуби од Лацио со резултат 1:2.

Иако водеше „Старата дама“ со голот на Коста од 23. минута од средбата, целосен пресврт направија „небесно-сините“ во второто полувреме.

Римскиот клуб дојде до шестиот триумф со двата погодоци на Имобиле, а Јуве кој го претрпе првиот пораз сезонава можеше да дојде до бод во последните мигово од дуелот, но трагичар беше Дибала кој не реализираше пенал (90+7).

Наполи продолжува со победничката серија од почетокот на сезоната, дојде до осмиот триумф по ред и тоа кај Рома со 0:1. Стрелец на голот на „Олимпико“ беше Инсиње во 20. минута.

Табела:

1.Наполи 24 бодови
2.Интер 19
3.Јувентус 19
4.Лацио 19
5.Рома 15
6.Торино 12

18.Верона 3
19.Џенова 2
20.Беневенто 0

Наполи – Рома от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.

Ювeнтyc – Лaциo 1:2 от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.