Нигерија слави во Краснодар: Премиерлигашките ѕвезди ја шокираа Аргентина! (ВИДЕО)

Денеска пријателски натпревар во Краснодар (Русија) одиграа репрезентациите на Аргентина и Нигерија…

Нигериските фудбалери приредија изненадување совлададувајќи ги „гаучосите“ со резултат 4:2, иако на полувремето беа во негатива од 2:1.

Водеа избраниците на селекторот Сампаоли најпрвин со прекрасниот погодок од слободен удар на Банега, а позитивата ја зголеми Агуеро по додавањето на Павон.

Потоа, играчот на Лестер Сити, Ихеаначо намали пред крајот на првото полувреме, истиот играч во период од две минути беше асистент во вториот дел, стрелци беа играчот на Арсенал Ивоби и на рускиот Амкар, Идову.

Конечниот епилог се случи во 73. минута кога „топчијата“ Ивоби по втор пат стрелаше на мечот после асистенцијата на играчот од Лестер, Муса.

Пријателски натпревари, резултати:

Јужна Кореја-Србија 1:1
Кина-Колумбија 0:4
Обединети Арапски Емирати-Узбекистан 1:0
Габон-Боцвана 0:0
Аргентина-Нигерија 2:4
Катар-Исланд 1:1
Словачка-Норвешка 1:0

Аргентина – Нигерия 2:4. Обзор товарищеского матча. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.