Неверојатно, но вистинито: Пет години од антологискиот меч во ЛШ! (ФОТО, ВИДЕО)

На „Селтик Парк“ во Глазгов пред точно пет години беше еден од најзанимливите натпревари во историјата на Лигата на шампионите.

Кој би рекол дека поминаа пет години од мечот помеѓу Селтик и Барселона? Дуелот одигра на 7. ноември 2012. година во Шкотска веројатно ќе остане во сеќавање кај многумина кои се верни љубители на фудбалот, особено оние во ЛШ.

Таа вечер Селтик ја пречека Барса во чии редови во тој период настапуваа незапирливите Меси, Алба, Педро, Санчез, Иниеста, Чави, Алвеш и на голот Виктор Валдес. Играа уште Пике, Фабрегас, Виља, но на крајот не се покажа како доволно.

Селтик славеше со 2:1, погодоците за домаќините ги постигнаа Витор ванјама во 21. и резервниот играч Тони Вот во 83. минута, додека во судиското надополнување (90+1) поразот на каталонскиот гигант го ублажи Меси.

Тито Виланова седеше на клупата на Барселона која едноставно го „разбиваше“ својот противник во сите параметри и голем број на луѓе не веруваа дека триумфи ќе слават Шкотите.

Статистика на крајот велеше вака: Селтик имаше „само“ пет удари, а Барса дури 23 од кои 14 во рамките на голот.

Севкупно додавања Барса имаше дури 955, а Селтик „само“ 116, а исто така Барселона имаше високи 89% посед на топката наспрема 11% на Селтик.