Немили настани на „Гудисон“: Навивач на Евертон со дете оди да ги тепа играчите на Лион! (ВИДЕО)

Вечерва се комплетираше третото коло од групната фаза во фудбалската Лига Европа…

Во групата Д Милан после двете стартни победи дојде и до првото реми, можеби неочекувано на „Сан Сиро“ одигра само 0:0 против грчкиот АЕК.

Во истата група Риека оствари важен триумф на гостувањето кај Австрија Виена со конечен резултат 1:3. Целиот натпревар за хрватската екипа го одигра македонскиот интернационалец Леонард Жута.

Во групата Е немили настани се случија на „Гудисон Парк“ на мечот Евертон-Лион (1:2). При резултат 0:1 во 64. минута нервозниот Ешли Вилијамс, играчот на Евертон кој направи неферски потег, туркајќи го гостинскиот голман, по што настана општ хаос, турканици насекаде, се вмешаа и еден навивач на Евертон кој со дете отиде да се тепа со играчите на Лион.

Дефинитивно не му оди Евертон оваа сезона, ниту во Премиерлигата, ниту во Лига Европа, па можен е отказ наскоро на клупата каде што се наоѓа Роналд Куман.

Што се однесува до стрелците на оваа средба, поведе францускиот претставник преку Фекир од пенал во шестата минута, потоа израмни Вилијамс во 69-та, а конечниот епилог го постави Траоре во 75-та мин. по додавањето на Корне.

Лига Европа, 3. коло (резултати):

Милан-АЕК 0:0
Аталанта-Аполон 3:1
Австрија Виена-Риека 1:3
Брага-Лудогорец 0:2

Динамо Киев-Јанг Бојс 2:2
Евертон-Лион 1:2
Хофенхајм-Башакшехир 3:1
Шериф Тираспол-Локомотив Москва 1:1

Скендербеу-Партизан 0:0
Виљареал-Славија Прага 2:2
Злин-ФК Копенхаген 1:1