Нејмар ќе го пропушти Реал, мора да паузира шест недели!

Најдобриот фудбалер на ПСЖ ќе биде малку подолго пауза од очекуваното…

Нејмар во неделата на првенствениот натпревар против Марсеј го повреди стопалото и спрема првите предвидувања целиот месец март ќе биде надвор од терените.

Бразилскиот напаѓач, пак според зборовите на неговиот татко би можел да паузира дури и до осум недели. „Неговото опоравување ќе трае од шест до осум неделни без разлика дали ќе оди на операција“, рече таткото на Нејмар.

од една страна ќе го пропушти реванш осминафиналниот меч (6. март) против Реал Мадрид во кој по првиот дуел „кралевите“ имаат предност од 3:1.

Но, од друга страна Нејмар се очекува да биде целосно подготвен на репрезентативно ниво, за настапот на Светското првенство во Русија 2018 со селекцијата на Бразил.