Не прекинува лошата традиција на Тотенхем, Јунајтед прв финалист во ФА Купот! (ФОТО, ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед е првиот финалист во англискиот фудбалски ФА Куп…

Во полуфиналето на стадионот „Вембли“ – Лондон после пресврт со резултат 2:1 „црвените ѓаволи“ го совладаа Тотенхем.

На тој начин продолжува лошата традиција на Тотенхем во историјата на ова натпреварување, вкупно осма по ред елиминација во полуфиналето.

Најпрвин за водство стрелаше Деле Али во 11. минута, а херој на тимот од „Олд Трафорд“ беше Алексис Санчез кој беше еден од најзаслужните за пресвртот.

Чилеанецот најпрвин израмни во 24. мин., а потоа во 62. мин. и асистираше до Андер Ерера за победничкиот погодок.

Противник на Јунајтед во финалето ќе биде подобриот од втората полуфинална пресметка на „Вембли“ в недела помеѓу Челзи и Саутемптон.

Манчестер Юнайтед – Тоттенхэм. Обзор матча. Кубок Англии 2017/18. Полуфинал. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.