Наполи си чекаше „услуга“, ама Јуве се погрижи за неверојатно чудо на „Џузепе Меаца“! (ВИДЕО)

Еден фантастичен натпревар се одигра вечерва на стадионот „Џузепе Меаца“ во Милано…

Во дербито од 35. коло во најсилното италијанско фудбалско првенство, составот на Јувентус триумфираше со конечен минимален резултат 2:3.

Уште во 13. мин. поведе „Старата дама“ со голот на Кошта, а само 120 секунди подоцна нови проблеми за „неро-аѕурите“ кои останаа со еден играч помалку поради црвениот картон на Весино.

Тоа како да не се чувствуваше во редовите на Спалети, па се погрижија за пресврт во вториот дел, најпрвин израмни Икарди, а во 65. мин. автогол си постигна Барѕаљи.

Сите си помислија дека најквалитетниот италијански фудбалски шампионат ќе добие уште поголема неизвесна трка за шампионската титула, но така не мислеше и „Старата дама“ која за две минути дојде до трите бода.

До нов егал на мечот дојде во 87. мин. кога Шкриниар ја затресе сопствената мрежа, а конечниот епилог го постави Игуаин после асистенцијата на Дибала.

Повторно сега предноста на Јуве во однос на второпласираниот Наполи е плус четири на табелата. „Наполитанците“ шанса да бидат пак на минус еден ќе имаат в недела на гостувањето кај Фиорентина.

Серија А, 35. коло

Сабота, резултати:

Рома-Киево 4:1
Интер-Јувентус 2:3

Табела:

1.Јувентус 88 бодови
2.Наполи 84
3.Рома 70
4.Лацио 67
5.Интер 66
6.Аталанта 55

18.Спал 29
19.Верона 25
20.Беневенто 17

Интер – Ювентус. Обзор матча от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.