Наполи се врати на врвот, Пандев и Џенова при дното во Серија А! (ВИДЕО)

Џенова го претрпе и седмиот пораз сезонава (втор по ред) на гостувањето кај Спал со резултат 1:0. Стрелец на единствениот гол за домаќините го постигна Антенучи во 56. минута од средбата.

Шест минути подоцна на стадионот „Паоло Маца“ во Ферара во игра влезе македонскиот интернационалец Горан Пандев кој го замени Ригони.

Наполи се врати на врвот откако со 3:1 на стадионот „Сан Паоло“ во Неапол со конечен резултат 3:1 ја оправда фаворитската улога против Сасуоло.

Алан ги израдува „наполитанците“, израмни Фалкинели, а непосредно пред паузата нова минимална предност за избраниците на тренерот Сари донесе Каљехон.

Конечниот епилог го постави Мертенс после асистенцијата на Албиол во 54. минута за вкупно 10. триумф оваа сезона. Наполи заедно со Интер остануваат единствените непоразени во најсилниот италијански шампионат.

Серија А, 11. коло

Беневенто-Лацио 1:5
Кротоне-Фиорентина 2:1
Наполи-Сасуоло 3:1
Сампдорија-Киево 4:1
Спал-Џенова 1:0
Удинезе-Аталанта 2:1

Табела:

1.Наполи 31 бод
2.Јувентус 28
3.Лацио 28
4.Интер 26
5.Рома 24
6.Сампдорија 20

18.Верона 6
19.Џенова 6
20.Беневенто 0

BOLVANertyetyuetyu от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.