Наполи се доближи на „минус еден“: Кулибали го шокираше Јувентус во 90. минута! (ФОТО, ВИДЕО)

Во дербито од 34. коло во италијанската Серија А Наполи го совлада Јувентус во Торино со резултат 1:0.

Двете екипи играа внимателно и не беа забележани премногу шанси. Првата прилика на мечот ја имаше Јувентус кога Пјаниќ шутираше од слободен удар во 17. минута, но топката која се одби од „живиот ѕид“ удри во стативата.

Во 24. мин. Хамшик имаше голема можност, но не беше прецизен. Беше поништен погодок во 38. минута на Наполи кој го постигна Инсиње, односно напаѓачот беше во офсајд.

Голема шанса во второто полувреме имаа гостите преку Инсиње кој излезе сам пред Буфон и шутираше откосо од десната страна, но Џиџи одлично реагираше и го одбрани неговиот удар.

Кога сите помислија дека ќе се случи поделба на бодовите, во 90. мин. шок за „Старата дама“, беше изведен корнер од страна на Каљехон, а највисок во казнетиот простор на Јуве беше Кулибали кој со глава ја затресе домашната мрежа.

Распоред на натпревари во последните четири кола од сезоната 2017/2018:

ЈУВЕНТУС

Интер-Јувентус
Јувентус-Болоња
Рома-Јувентус
Јувентус-Верона

НАПОЛИ

Фиорентина-Наполи
Наполи-Торино
Сампдорија-Наполи
Наполи-Кротоне

Ювентус – Наполи. Обзор матча. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.