Наполи незадржлив, „7 од 7“, Хамшик на чекор од рекордот на Марадона! (ВИДЕО)

И во седмиот натпревар од почетокот на сезоната во италијанската фудбалска Серија А славеше екипата на Наполи.

Денеска на домашен терен на стадионот „Сан Паоло“ во Неапол со убедливи 3:0 ја совлада екипата на Каљари.

Првиот гол на „наполитанците“ беше дело на Хамшик уште во четвртата минута од средбата. За словачкиот интернационалец ова е 114. гол за Наполи во сите натпреварувања.

Само еден помалку од легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона кој своевремено во својата кариера имаше 115 погодоци за Наполи.

Останатите два голови на денешниот меч ги реализираа Мертенс од пенал во 40-та и Кулибали во 47-та мин. после асистенцијата на Жоргињо. На табелата Напoли води со максимален 21 бод.

Наполи – Кальяри 3:0. Обзор матча от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.