Наполи непријатно изненаден во Фиренца: Се вратија шампионските насмевки на Јувентус! (ВИДЕО)

В недела се одиграа осум натпревари од 35. коло во најсилното италијанско фудбалско првенство…

Во оној најважниот Наполи направи голем чекор назад во борбата за шампионската титула, откако на стадионот „Артемио Франки“ со 3:0 загуби од Фиорентина.

Хет-трик за „виолетовите“ реализираше Симеоне со погодоци во 34., 62. и 93. минута за вкупно 15. победа во Серија А. Пред да започне гол-серијата на домаќините, од помош им дојде и црвениот картон на Кулибали уште во осмата минута од средбата во Фиренца.

Така, после добрите вести за Јувентус, сега бранителот на титулата може истата да ја одбрани веќе во следното коло, и тоа со триумф дома на Болоња и евентуално нов пораз на Наполи пред своите гледачи од Торино.

Да додадеме уште дека македонскиот интернационалец Горан Пандев го одигра целото второ полувреме во поразот на Џенова кај Аталанта со резултат 3:1.

Серија А, 35. коло

Недела, резултати:

Кротоне-Сасуоло 4:1
Аталанта-Џенова 3:1
Беневенто-Удинезе 3:3
Болоња-Милан 1:2
Сампдорија-Каљари 4:1
Верона-Спал 1:3
Фиорентина-Наполи 3:0
Торино-Лацио 0:1

Табела:

1.Јувентус 88 бодови
2.Наполи 84
3.Рома 70
4.Лацио 70
5.Интер 66
6.Аталанта 58

18.Киево 31
19.Верона 25
20.Беневенто 18

Фиорентина – Наполи. Обзор матча. Италия. Серия А 2017/18. 35 тур. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.