Најмладиот стрелец во историјата на „Редси“ потпиша нов договор (ВИДЕО)

Младиот фудбалер парафираше нова соработка со Ливерпул.

Станува збор за талентираниот Бен Вудбурн кој потпиша нов долгорочен договор, не е прецизирано на колку години.

Младиот Велшанецот во претходните 12 месеци го запиша своето деби во првиот тим на Ливерпул, а постигна и гол со кој го испиша своето име на „Енфилд“ како најмлад стрелец во историјата.

Овој 18-годишен фудбалер воедно дебитираше и за сениорската репрезентација на Велс во изминатите квалификации за СП Русија 2018. Постигна и погодок, но не успеа неговата селекција да се пласира на следниот Мундијал.