Најмалку еден меч суспензија за Евра поради удирање на навивач

Дисциплинската комисија на Европската фудбалска унија го казни дефанзивецот на Олимпик Марсеј со најмалку еден натпревар неиграње…

Воедно започната е и постапка против францускиот играч поради удирање на навивач во рамките од Лига Европа против Виторија Гимараеш во Португалија, пренесува УЕФА.

Евра во текот на загревањето прво влезе во вербален судир со еден од навивачите кој дојде до теренот, а потоа и физички нападна со нога кон главата на навивачот.

Поради таквиот потег 36-годишниот Евра доби црвен картон, а за неговиот случај ќе се расправа пред УЕФА дисциплиското тело на 10. ноември.

Воедно европската фудбалска куќа започна дисциплинска постапка и против Марсеј поради влегувањето на навивачите на теренот, употреба на пиротехника и однесувањето на француските навивачи во текот на мечот кој Олимпик Марсеј го загуби со 1:0.

Исто така, поради влегувањето на навивачите во теренот, дисциплински ќе одговара и Виторија Гимараеш која беше домаќин во овој натпревар.