Најдобрите стрелци во историјата на „Ел Класико“: Меси прв, Роналдо трет!!!

Помеѓу 12. најдобри стрелци во историјата на „Ел Класико“, освен Меси и Роналдо, денес игра уште само и Карим Бензема.

Најголемото шпанско фудбалски дерби не е само натпревар помеѓу Реал Мадрид и Барселона, туку и борба на Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Без сомнение двете најголеми ѕвезди на денешницата ќе дадат се од себе в сабота (13:00 ч.) на „Сантјаго Бернабеу“ повторно да се запишат во листата на стрелците, иако за Португалецот се вели дека е можно да го пропушти овој важен дуел.

Играч, клуб, држава, голови:

-Меси (Барселона), Аргентина 24

-Ди Стефано (Реал Мадрид), Аргентина 18

-Кристијано Роналдо (Реал Мадрид), Португалија 17

-Раул (Реал Мадрид), Шпанија 15

-Сесар Родригез (Барселона), Шпанија 14

-Генто (Реал Мадрид), Шпанија 14

-Пушкаш (Реал Мадрид), Унгарија 14

-Сантилана (Реал Мадрид), Шпанија 12

-Уго Санчез (Реал Мадрид), Мексико 10

-Хуанито (Реал Мадрид), Шпанија 10

-Самитиер (Барселона/Реал Мадрид), Шпанија 10

-Бензема (Реал Мадрид), Франција 9

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ:

Меси е подобар голгетер од Роналдо во пресметките на „Ел Класико“!

Дали Роналдо ќе настапи во дербито против Барселона?