Најдобриот млад фудбалер на годината: Дембеле, Мбапе или Жезус?

Соопштено е дека во најтесниот избор за најдобар млад фудбалер на годината се наоѓаат Габриел Жезус, Килијан Мбапе и Усман Дембеле.

Наградата од страна на италијанскиот весник „Тутоспорт“ која се доделува од 2001. година ќе ја добие нов наследник, откако минатата година беше избран Ренато Санчез.

Габриел Жезус зад себа има една одлична година, откако во јануари стигна во Манчестер Сити, учествуваше во 21 гол на 20 натпревари како стартер, а и оваа сезона продолжи со добрите перформанси.

Мбапе освои титула со Монако, постигна 21 погодок и забележа осум асистенции, а особено блескаше во Лигата на шампионите каде што неговиот тим стигна до полуфиналето.

Усман Дембеле има фантастични настапи во редовите на Борусија Дортмунд, со учинок од 10 голови и дури 21 асистенција.

Наградата „Златно момче 2017“ ќе биде доделена годинава на 23. октомври.