Најава за нов голем трансфер: Санчез пристигна во Манчестер на лекарски прегледи!

Чилеанскиот интернационалец Алексис Санчез е фотографиран како доаѓа на тренинг базата во Манчестер Јунајтед.

Веќе извесно време се најавува неговиот трансфер оваа зима од редовите на Арсенал на „Олд Трафорд“, а во спротивен правец на „Емирати“ се очекува да оди Хенрик Мхитарјан.

29-годишниот напаѓач пристигна во Карингтон и наскоро треба да ги има задолжителните лекарски прегледи, а претходно на „Инстаграм“ објави видео како се качува на приватен авион пред да отпатува за Манчестер.

Според британските медиуми ќе биде најплатениот фудбалер во Манчестер Јунајтед, со четири и пол годишен договор и трансфер вренде 180 милиони фунти.