На својот роденден голман постигна неверојатен гол од 65 метри! (ВИДЕО)

Голманот на Луго, Хуан Карлос Мартин тешко дека ќе го заборави својот 30. роденден…

Токму со неговиот погодок беше потврдена победата од 3:1 против Спортинг од Хихон.

Мартин доби повратна топка од соиграч и со сета сила од околу 65. метри ја удри топката, односно шутираше право во противничката мрежа.

Луго со овој триумф после 23. коло е на четвртото место во втората шпанска лига со 39 бодови, седум помалку од водечката екипа на Хуеска.