На СП после 28 години: Ѕвездата на Ливерпул, Салах е херојот на Египет! (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Египет се пласираше на Светското првенство во Русија 2018 година…

На домашен терен египетските фудбалери успеаја да ја совладаат селекцијата на Конго со 2:1.

Египќаните ќе играат на Мундијалите за прв пат после 28 години, а таму ќе се најдат благодарение на својата прва ѕвезда која настапува во Ливерпул, Мохамед Салах.

Тој на пет натпревари во африканските квалификации постигна исто толку голови, а беше стрелец на двата погодоци и на дуелот со Конго.

Поранешниот играч на Рома го постигна одлучувачкиот гол за Египет во 95. минута од пенал, а токму тој погодок ги однесе на СП за големо славје на трибините.

Да потсетиме, од африканската зона на СП претходно се најде и репрезентацијата на Нигерија.