На плус 6 од Наполи: Јувентус многу блиску до седмата титула по ред во Серија А! (ВИДЕО)

Се одиграа вкупно шест натпревари во неделата во рамките од 32. коло во најсилното италијанско фудбалско првенство…

Бранителот на титулата Јувентус е се поблиску до одбраната на трофејот кој би бил вкупно седми по ред во Серија А.

На домашем терен убедливо со резултат 3:0 „Старата дама“ успеа да ја совлада Сампдорија со головите на Манџукиќ, Ховедес и Кедира.

Нивната предност во генералниот пласман стана уште поголема новото реми на Наполи на гостувањето на „Сан Сиро“ против Милан (0:0).

На останатите дуели: Фиорентина-Спал 0:0, Болоња-Верона 2:0, Сасуоло-Беневенто 2:2 и во римското дерби Лацио-Рома 0:0.

на табелата Јуве кој обезбеди учество во групната фаза на ЛШ за наредната сезона, се наоѓа на првото место со 84 бодови, шест повеќе од второпласираниот Наполи.

Во следното коло на 18. април тимот од Торино му гостува на Кротоне, а „наполитанците“ ќе го пречекаат Удинезе.

Ювентус – Сампдория. Обзор матча. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.