На „Енфилд“ ништо ново: Кога Ливерпул пак ќе освои титула?

Повторно се зборува за шампионска титула…

Секогаш кога започнувало нова сезона во Премиерлигата, помеѓу кандидатите за највисок пласман се наоѓал Ливерпул, но во последно време се помалку се зборува за „црвените“.

Поранешниот капитен на Редси, Џејми Карагер е песимист и смета дека клубот нема шанси да се вмеша оваа сезона 2017/2018 во борбата за трофејот во најквалитетната англиска фудбалска лига.

Ливерпул нема да освои титула оваа сезона. Не сум убеден дека менаџерот Јирген Клоп ќе успее да го донесе трофејот на „Енфилд“.

Воедно не знам дали и некогаш Ливерпул повторно ќе освои титулата во Премиерлигата“, рече Карагер за британските медиуми.

После седум одиграни кола Ливерпул заостанува седум бодови зад клубовите од Манчестер (Сити и Јунајтед), а во осмата рунда на својот стадион ќе ги пречекаат „црвените ѓаволи“.

Својата последна премиерлигашка титула Ливерпул ја имаше во 1990. година, а во поновата историја најблиску до врвот беше во сезоната 2013/14 кога Луис Суарез беше оној кој ја водеше екипата, но поради легендарното „лизгање“ на тогашниот капитен Стивен Џерард на мечот против Челзи, пехарот заврши во рацете на Манчестер Сити.