Мурињо: Нема шанси Де Геа да си замине ова лето од Јунајтед!

Менаџерот на „црвените ѓаволи“ вели дека „нема шанси“ Давид Де Геа да го напушти Манчестер Јунајтед ова лето…

27-годишниот годишниот шпански голман се доближува до својата последна година од договорот со премиерлигашкиот клуб од „Олд Трафорд“, повторно се поврзува со трансфер во Реал Мадрид.

Жозе Мурињо запрашан дали е можно чуварот на мрежата наскоро да си замине, тој одговори кратко и јасно: „Нема шанси“.

Досега во дресот на Јунајтед има вкупно 234 натпревари, а својата професионална кариера ја започна во редовите на Атлетико Мадрид. За најдобрата шпанска репрезентација има вкупно 27. одиграни мечеви.