Мурињо најде замена за Мхитарјан?

Жозе Мурињо го посакува португалскиот играч од средниот ред во Интер, пренесува „Кориере дело Спорт“.

Станува збор за Жоао Марио кој се гледа како замена за ерменскиот интернационалец Хенрик Мхитарјан во Манчестер Јунајтед.

Поранешниот играч на Борусија Дортмунд тешко доаѓа до првиот тим кај својот менаџер на „Олд Трафорд“ и веќе еден месец не бил стартер на натпреварите.

Марио беше дел од португалската репрезентација која го освои ЕУРО 2016, но не ги оправдува очекувањата во редовите на Интер каде што дојде од Спортинг Лисабон после континенталниот собир.