„Мундо Депортиво“: Меси нема да игра против Шпанија!

Напаѓачот на Барселона и репрезентацијата на Аргентина е повреден…

Лионел Меси нема да биде во составот на „гаучосите“ за пријателскиот натпревар против Шпанија.

Како што пренесува „Мундо Депортиво“, еден од најдобрите фудбалери на светот на еден од последните тренинзи почувствува болка во бутниот мускул, така што аргентинскиот стручен штаб одлучи да не ризикува со здравјето на својот репрезентативец.

Потсетување дека Меси не беше во тимот ниту пред четири дена кога неговата селекција триумфираше во контролниот меч против Италија на „Етихад“ стадионот во Манчестер со резултат 2:0.

Вечерва дуелот помеѓу Аргентина и Шпанија ќе се игра на стадионот на Атлетико во Мадрид, „Ванда Метрополитано“ со почеток од 21:30 часот.